Тинејџер прави предавство: Одби професионален договор од Бенфика, ќе потпише за големиот ривал

Усумане Џало е талентиран играч за врска на Бенфика кој е решен да направи големо предавство.

Тинејџерот има само 17 години, поседува огромен потенцијал за да биде идна ѕвезда, па затоа Орлите му понудија професионален договор уште пред да стане полнолетен. Сепак, наместо да го испочитува матичниот клуб, Џало е на пат кон Порто, каде што својот прв сениорски договор ќе го потпише за Змејовите.

Инаку Џало е капитен на селекцијата на Португалија до 17 години, сè уште чека на сениорско деби, а токму тоа е причината што ја напушта Бенфика и ќе стане нов член на Порто.

- Оглас -

Најнови вести