Тинејџерите влегоа во второто полувреме и направија пресврт за победа на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд победи на гостувањето кај Фрајбург, во меч кој важеше за дерби во во Бундеслигата. Борусија имаше два порази на последните две гостувања кај овој ривал, а ни вечерва не започна добро.

Фрајбург поведе со голот на Грегориц и оваа предност ја имаа до 15-тина минути пред крајот. Финишот им припадна на гостите, кои најпрво израмнија во 77 минута преку Бино-Гитенс, а потоа со головите на Мукоко и Волф направија и комплетен пресврт за победа од 3:1.

Интересно е тоа дека сите тројца кои погодија за гостите се играчи кои влегоа во игра како резерви во второто полувреме, а двајца се играчи кои треба да бидат иднина на клубот. Бино-Гитенс кој израмни на 1:1 има 18 години, додека Мукоко има само 17 години.

- Оглас -

Најнови вести