Тинејџерката Алексовска блесна и освои три златни медали во два различни боречки спортови

Една народна поговорка вели дека „крушата под круша паѓа“, а дека тоа е така доказ е и младата спортистка Даниела Алексовска, ќерка на мајсторот за боречки вештини, Ивица Алексовски. Даниела овој викенд постигна одличен успех, покажувајќи доминација на два различни боречки спортови – џудо и граплинг (ADCC).

Тинејџерката која има 16 години освои три златни медали. Два златни медали беа во џудо на Интернационален Џудо Турнир “IPON SKOPJE OPEN 2022”.

Даниела се бореше во две дивизии – кадетско натпреварување и во сениор (возрасни) и имаше перфектен биланс од шест победи. Двата златни медали ги освои во шест борби и тоа против две Бугарки, Црногорка и Македонки.

„Веќе девет и пол години вежбам и секако најзаслужен за тоа е мојот татко. Знам повеќе боречки спортови, а најмногу од сите вештини го сакам бразилското џиу џицу. Секој освоен медал е мотив повеќе само да продолжам да работам уште понапорно и да постигнувам нови успеси“, вели 16-годишната Дани.

Еден златен медал Алексовска освои во граплинг (АДЦЦ) борби без кимоно. Таа имаше две борби и две победи со зафати, потврдувајќи ја доминацијата.

- Оглас -

Најнови вести