15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Тинејџерката Вондрушова со историски подвиг на Ролан Гарос

Маркета Вондрушова се пласираше во полуфиналето од Ролан Гарос по победата над Петра Мартиќ со 2-0 во сетови (7-6, 7-5). Ова е историски пласман за сензационалната тинејџерка, која првпат во својата кариера ќе се бори за пласман во големото финале на еден од четирите Гренд слемови.

Деветнаесетгодишната Чехиња покажа доста зрелост против хрватската тенисерка уште во првиот сет. Иако беше во негатива, идентично одговори на двата загубени гемови при свој сервис и изнуди тајбрејк, кој подоцна го доби со 7-1. Прв чекор кон полуфиналето направи по трите последователни освоени гема во вториот сет. Маркета прво испушти две меч-топки при резултат од 5-3 и потоа 5-4, но со третиот остварен брејк во одлучувачкиот сет ја искористи четвртата меч-топка.

Вондрушова во полуфиналето ќе игра против Јохана Конта, додека вториот полуфинален пар ќе се знае по утрешните дуели на Кијс – Барти, односно Халеп – Анисимова.

- Оглас -

Најнови вести