19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Тинејџерот кој го даде победничкиот гол на гости кај Њукасл потпиша нов договор со Ливерпул

Седумнаесетгодишниот Рио Нгумоха потпиша нов договор со Ливерпул до 2028 година. Се верува дека договорот вреди околу 60.300 евра годишно, максималната плата за прв професионален потпис за Ливерпул, иако тој може да заработи повеќе преку бонуси.

Ова е значително повеќе од годишната плата за стипендија што ја добиваше претходно, која изнесуваше околу 16.700 евра.

Ливерпул мораше да почека додека Нгумоха не наполни 17 години во август пред да му биде понуден професионален договор. Според правилата на Фудбалската асоцијација, максималниот договор дозволен за играч на негови години е три години.

Нгумоха остави силен впечаток во првиот тим и ужива целосна доверба од менаџерот Арне Слот. Тој брзо напредуваше низ тимовите до 18 и до 21 година, а своето деби во сениорската екипа го имаше против Акрингтон Стенли во јануари.

Дебито во Премиер лигата му беше како од соништата. Влезе во финишот на мечот на гости кај Њукасл и постигна гол во 90+10 минута за триумф од 3:2 на Ливерпул, замолкнувајќи ги домашните фанови на стадионот „Сент Џејмс парк“. Со овој погодок Рио стана најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер лигата. По тој меч со Њукасл, Рио испиша уште еден рекорд а тоа е дека стана и најмладиот играч на клубот што играл во Европа дебитирајќи во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Нгумоха стана сигурна замена за Коди Гакпо на левото крило, а неговиот талент беше толку очигледен што Ливерпул не бараше замена за Луис Дијас откако Колумбиецот му се приклучи на Баерн Минхен во летото. Нгумоха му се приклучи на Ливерпул од Челзи минатото лето како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести