Ламин Јамал е тинејџерот кој неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона. Екстра талентот доби шанса да заигра за првиот тим само со 15 години, девет месеци и 16 дена, кога влезе во второто полувреме на дуелот против Бетис.
Многумина прогнозираат дека Јамал е новиот Лионел Меси. Има неверојатни движења, екстра дриблинзи и едноставно пред него е голема кариера. Дека не случајно стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, Јамал потврди и со блескавата игра во дресот на Шпанија во дуелот против Италија, на Европското првенство за играчи до 17 години.
https://twitter.com/i/status/1659265098815270912
Шпанија победи со 2:1, Јамал не постигна гол, но имаше неверојатни потези и додавања со кои ги воодушеви сите коишто го следеа овој дуел.
https://twitter.com/i/status/1659281994943983636
Во второто коло на ЕП за играчи до 17 години Шпанија ќе игра против Словенија, која на стартот славеше со 4:2 над Србија.
Lamine Yamal pic.twitter.com/qtxwKaXDev
— ArsenKveFCB (@ArsenKveFCB) May 18, 2023