Тинејџерот кој цела сезона е повреден ќе добие договор до 2029 година

Раководството на шпанскиот клуб Барселона се подготвува повторно да го продолжи договорот со 17-годишниот Марк Бернал. Овој тинејџер само пред неколку месеци потпиша нов договор со каталонскиот гигант, но сега се очекува повторно да го стави потписот на нов договор.

На почетокот од сезоната, во август, на дуелот против Рајо Валјекано, Бернал тешко го повреди левото колено. По лекарските прегледи беше констатирано дека за него сезоната е завршена.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до 2026 година, но специјализираното издание football-espana.net пренесува дека Бернал, кој ќе наполни 18 години на 26 мај, ќе потпише нов договор до 2029 година.

Откупната клаузула од 500 милиони евра ќе биде задржана. На Бернал се гледа како на долгорочна опција во средниот ред на Барселона бидејќи досега покажа огромен потенцијал.

- Оглас -

Најнови вести