Тинејџерот на Барселона го воодушеви светот: На подготовки е со репрезентација, а тој носи книги да учи

Пау Кубарси не е типичен тинејџер. На само 18 години веќе има 80 настапи во сениорскиот тим на Барселона. Неговата моментална вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 70 милиони евра, а годишно заработува речиси четири милиони евра.

Но, Кубарси не е ни класичен фудбалер. За разлика од повеќето фудбалери кои откако ќе станат милионери решаваат да престанат да вложуваат во своето знаење, Кубарси реши ова лето да учи за да може да се запише на факултет.

Неодамна Кубарси го положи матурскиот испит и заврши средно училиште, но нема да застане тука. Реши да се запише на факултет, а додека е на подготовки со репрезентацијата на Шпанија, со себе ги земал и книгите за да учи.

Шпанија се подготвува за дуелот против Франција во полуфиналето од Лига на нации, а додека траат паузите, Кубарси ќе учи и ќе се подготвува за испитот за на факултет.

- Оглас -

Најнови вести