19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Тинејџерот на Ливерпул го повтори подвигот на Руни од пред 23 години (Видео)

Рио Нгумоха е херојот на Ливерпул на пеколното гостување кај Њукасл. Актуелниот англиски првак победи со 3:2 во меч на кој победничкиот гол беше постигнат во 90+10 минута. Тинејџерот Рио Нгумоха во игра влезе во 90+6 минута, а само четири минути подоцна донесе делириум од радост кај гостинските фудбалери и навивачи.

Рио Нгумоха има само 16 години, а со постигнатиот гол за победа испиша историја во Премиер лигата. Тој е само вториот 16-годишник кој во историјата на Премиер лигата постигнал гол за победа на неговиот тим.

Првиот на кој тоа му успеало е Вејн Руни во октомври 2002 година, кога тогаш 16-годишниот Руни даде гол за победа над Арсенал. Интересно е дека Руни тогаш имал 16 години и 360 дена, а сега Рио даде гол за победа само со 16 години и 361 ден, односно само еден ден е постар од тоа што бил Руни пред 23 години.

Голот за победа на Ливерпул постигнат од 16-годишниот Рио може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести