Марио Балотели веќе е договорен со раководството на Бреша, се очекува негова промоција викендов, а со себе ја носи и казната од 4 меча сиуспензија од друго првенство.
Во финишот на ланската сезона во француската Лига 1 како играч на Олимпик Марсеј, Балотели беше исклучен на дуелот со Монпелје и потоа казнет со 4 меча неиграње.
Иако суспензијата е во друга лига, таа важи и за настапи во Серија А, па Супер Марио би ги пропуштиле дуелите на Бреша во првите 4 кола, против Калјари, Милан, Болоња и Удинезе.
Во таков случај деби за напаѓачот во дресот на Бреша би бил на мечот со шампионот Јувентус на „Марио Ригамонти“ стадион на кој Бреша игра како домаќин.