Смената на Мурињо и голот на Роналдо го направија Типстер шампион

Александар Трендафилов од Кочани се поднови со автомобил „пежо 308“ благодарение на Типстер купот кој е во организација на обложувалниците на Sport Life. Трендафилов е Типстер шампион во есенскиот дел од традиционалната игра Типстер куп и на подарок си го доби автомобилот, кој во саботата го чекаше пред уплатното место Кочани 1.
Новиот шампион е пример за тоа дека не треба да се откажувате и секогаш треба да верувате во себе и до крајот да се натпреварувате во Типстер купот.
Секако дека сум возбуден поради добиениот автомобил. Типстер куп играм уште од првата сезона. Во претходните години имам освоено едно трето место и добив лаптоп. Уште тогаш се уверив дека нема лажирање и местење на победникот, па затоа продолжив да се натпреварувам и во следните сезони. Бев упорен и оваа година успеав да стигнам до автомобилот“, беше првата реакција на Александар.

И СО УПЛАТИ САМО ОД 20 ДЕНАРИ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ АВТОМОБИЛОТ

Едноставен бил принципот на игра на Александар. Тој секогаш се обложува на фаворитите кои се дел од најдобрите лиги во Европа. Низ играњето на Типстер купот со години, успеал да си најде свој систем на игра, кој овојпат се покажал како шампионски.
Речиси секогаш играм на фаворитите од најсилните лиги. Уплаќав со 20 денари, а целта ми беше да стигнам до коефициент 200, кој носи многу поени во Типстер купот. Едноставно, ливчињата не ми беа за да добијам големи добивки, туку за да добивам многу поени на Типстер купот. На крајот тоа се покажа како добитно. Едноставно, за да се добие автомобилот, потребно е да се наместат сите коцки. Секако дека е потребно знаење и начин како најдобро да се стигне до посакуваниот висок коефициент, но мора да се има и среќа “, објаснува Александар, кој речиси секогаш игра во обложувалниците на Sport Life бидејќи таму ги има најдобрите коефициенти, најбогата понуда за игра, а и услугата е одлична.
Типстер-шампионот успеал да погоди ливчиња на кои имало и по 23 натпревари, а најголемата добивка која ја има заработено низ годините е 80.000 денари со уплатени 200 денари.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ГО СМЕНИ МУРИЊО, А ЌЕ СЕ ПАМТИ И ГОЛОТ НА РОНАЛДО ПРОТИВ ЛАЦИО

За време на финалето на Типстер купот, Александар стартуваше во топ 5, а потоа изби на првото место, па потоа падна на шестата позиција, но не се откажал. Продолжил да игра по максимално дозволените 12 тикети на ден, па за брзо време повторно се вратил на врвот, каде што остана до крајот.
Тој е страстен навивач на Манчестер јунајтед и секогаш игра на победа на „црвените ѓаволи“. Интересно е што токму во периодот на финалето на Типстер купот, Манчестер имаше одлична серија од победи, што, секако, му донело плус поени на Александар. Едноставно, потегот Жозе Мурињо да добие отказ од „Олд Трафорд“ и на негово место да биде доведен Оле Гунар Солскјер, може да се каже дека му помогнало и на типстер-шампионот да дојде до главниот подарок, автомобилот „пежо 308“.
Голем навивач сум на Манчестер јунајтед и речиси и да нема тикет без да одиграм на победа на мојот омилен тим. Во изминатиов период имав двојна причина за задоволство бидејќи Манчестер победуваше, а мене тоа ми носеше добри погодени коефициенти“, вели Александар.
Во жарот на трката за автомобилот има еден меч кој посебно бил многу важен за тоа Трендафилов да заврши на првото место во Типстер купот. Тоа е дуелот меѓу Лацио и Јувентус, кога „старата дама“ победи со 2-1, а голот за триумф го даде некогашниот играч на Манчестер, Кристијано Роналдо.
Ќе го памтам дуелот меѓу Лацио и Јувентус. Играв дека ќе заврши Х-2, а на полувремето беше 0-0 и тоа ми одговараше. Во вториот дел Лацио прв даде гол и поведе, но брзо потоа Јувентус израмни. Во 88-мата минута беше досуден пенал за Јувентус, а Кристијано Роналдо погоди и тоа ми донесе многу поени, бидејќи тој меч го чекав за добивка на повеќе ливчиња“, се присетува Александар.

ВО ТЕК Е ВТОРАТА ЕТАПА, УШТЕ ЕДЕН АВТОМОБИЛ „ПЕЖО 308“ ЧЕКА НА ВАС

Типстер-шампионот ги советува сите да играат Типстер куп и никогаш да не се откажуваат, бидејќи тој по неколку години константно играње, на крајот успеа да дојде до главната премија. Александар има автомобил, но вели дека со посебен мерак ќе го вози новото „пежо 308“.
Оваа сезона Sport Life доделува дури два автомобили. Во тек е пролетната етапа од Типстер купот, што значи дека сите оние кои не се дел од ова интересно натпреварување, имаат доволно време да се вклучат и да се изборат да стигнат до финалето, каде што и започнува вистинската борба за уште еден автомобил „пежо 308“.

- Оглас -

Најнови вести