Уште 391 учесник во Типстер купот на Sport Life обезбеди настап во финалето во трката за мегапремијата „Стан во Скопје“ што ќе биде доделена по завршната фаза од 12 јуни до 12 јули следната година.
Обложувалниците на Sport Life се вистинското место за добитни тикети и за многу вредни награди, а втората тура финалисти во Типстер купот од октомвриската сесија се веќе познати, а тоа се двајцата првопласирани од секој објект на ренимираниот приредувач на игри на среќа.
Во месецот што измина најдобрите петмина играчи со најмногу поени ќе добијат посебни награди, а шампион во октомври е Сули Г. со 73.671,1 поен. Тој ќе добие 2.000.000 СЛ маркет поени во Sport Life, што можат да се искористат за нарачка на големиот асортиман производи во понудата на Sport Life или да се одиграат ваучери за нови бесплатни тикети.
Битката за месечната премија беше голема, а втор во октомври во Типстер купот заврши Еди П. со 71.552,1 поени и за него следува награда од 1.000.000 СЛ поени кои се префрлаат на СЛ картичката.
Границата од 70 илјади поени ја мина и третопласираниот Бобан Т., што е потврда дека има одлични прогнозери во Sport Life, a наградата е 500.000 СЛ поени што можат да се искориста за „пазарување“ во СЛ маркетот или за нарачка на ваучери за нови тикети во обложувалниците на Sport Life.
На четвртото место на глобално ниво во октомври е Тони Ц. со 65.824,5 поени и со заслужена награда од 250.000 СЛ маркет поени, додека во топ-5 е и Симеончо М., за кого следува награда од 100.000 СЛ маркет поени.
Од оваа сезона во финалето и во битката за „Стан во Скопје“ се пласираат по двајцата најдобропласирани играчи на месечно ниво од секој објект во синџирот обложувалници на Sport Life.
За списокот на втората тура учесници во финалето на Типстер купот може да се информирате на интернет-страницата на Sport Life и во новиот билтен што го има на шалтерите во обложувалниците на Sport Life.
Ќе има вкупно 9 етапи, што значи дека сè уште има време да се вклучите во трката за мегапремијата што ќе ја добие најдобриот во финалната фаза што Sport Life ќе ја организира за сите финалисти од 12 јуни до 12 јули 2020 година.
Еве го списокот со главните награди во оваа сезона на популарниот Типстер куп:
1.Стан во Скопје
2. 5.000.000 СЛ Маркет поени
3. 3.000.000 СЛ Маркет поени
4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5. 500.000 СЛ Маркет поени
6. 200.000 СЛ Маркет поени
7. 100.000 СЛ Маркет поени
8. 50.000 СЛ Маркет поени
9. 40.000 СЛ Маркет поени
10. 30.000 СЛ Маркет поени