Владимир Трајчев од Струмица, кој стигна до тронот на Типстер купот на Sport Life за сезоната 2022/23, од денеска ги има и клучевите од својот нов стан во Скопје. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година.
Шампионот вели дека е редовен учесник на акциските игри во Sport Life и дека бил упорен до самиот крај и верувал дека може да направи тикет што ќе му ги донесе клучевите од станот во неговите раце.
„Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, но тоа е за забава. Не играм на многу вложени пари. Најчесто правам тикети со многу мечеви. Ги следам акциските игри на Sport Lifе, посебно Типстер купот. Тој е најатрактивен бидејќи и главната премија е најголема“, вели среќниот Владимир.
Финалето на Типстер купот траеше од 10 до 30 јуни, а среќата на струмичанецот му се насмевна пред крајот, односно на 27 јуни. Тој вели дека доброто во оваа игра е дека дури и да си последен цело време, со еден „луд“ тикет може да се направи потребниот добитен коефициент за да се стигне до првото место.
„Постојано правев тикети што носат голем вкупен коефициент. Во првите неколку денови се случуваше само за еден гол да не погодам тикети коишто имаа одлични коефициенти, над 500. Но, тоа не ме депримира и не се откажав. Продолжив да уплаќам тикети од по 20 денари. Најважно беше да направам голем коефициент. На 27 јуни среќата ми се насмевна. Уплатив тикет со 12 пара. Беа погодени 10 и ноќта се играа последните два. Легнав да спијам и утрото кога се разбудив, видов дека е добитен тикетот со вкупна квота од 1005. Тогаш бев убеден дека нема да има некој кој ќе може да ме стигне затоа што имаше само уште три дена до крајот. Следниот ден направив тикет само со 10 коефициент за да го зголемам вкупниот добитен коефициент“, ја открива својата тактика типстер шампионот Трајчев.
Среќниот Владимир открива дека овој подарок доаѓа во вистинско време. Тој веќе има закажано свадба за помалку од еден месец, па Sport Life на најдобар можен начин му го честита овој свечен чин.
Типстер шампионот вели дека и во минатото има правено добитни тикети, но секако дека ниту еден не бил толку вреден како овој со кој освен 17.097 денари, заработи и стан во Скопје благоданире на Типстер купот во Sport Life.
„Мојот составен тикет е доказ дека никогаш не треба да се откажуваме и дека среќата во секој момент може да нѐ изненади. Не знам дали во Македонија постои друга игра каде што главна премија е стан и пресреќен сум што токму јас успеав да го добијам“, констатира Владимир, кој гордо позираше со својата вереница и клучевите од станот кој се наоѓа во Џевахир скај сити.