Саша Стојановски од Куманово е најдобар типстер за мај во последната етапа од Типстер купот, за што доби 100.000 денари. Во финишот од етапното натпреварување на играта на Sport Life, Саша на својата СЛ картичка успеа да собере 134.902,9 бода и убедливо да застане на првото место.
За второпласираниот П. Дејан следува награда од 50.000 денари, В. Даниел застана на третото место и добива 20.000 денари.
ВО ЛАНСКАТА СЕЗОНА СЕ БОРЕШЕ ЗА СТАН НА ВОДНО, УПОРНОСТА МУ СЕ ИСПЛАТИ
„Со натпреварување во Типстер купот почнав минатата сезона, кога главната награда беше стан на Водно. Бев блиску, мислам дека завршив на третото место. Една од причините што можеби не бев добитник е поради тоа што не бев добро запознаен со правилата на играта, но сега, кога ги научив е доста полесно да се игра“, вели Саша.
УЧЕСТВОТО ВО ТИПСТЕР КУПОТ МУ Е ФАМИЛИЈАРНА ЗАНИМАЦИЈА СО СИНОТ, КОМУ МУ ГО ПРЕПУШТА ПОХОДОТ ВО „ЕКСПЕРТ ЗА ТИПУВАЊЕ“
„Заедно со син ми редовно уплаќавме за да стигнеме до 100-те илјади денари, а бидејќи во следниот период ќе бидам во странство, му ја препуштам нему задачата да игра во ‘Експерт за типување’“, ни откри Стојановски и додаде:
„Ова ми е најголема добивка во Sport Life, но тоа не значи дека ќе застанам тука. Најавувам дека и во иднина ќе ги празнам касите“, заврши Саша.