6031 – Ливерпул – Унион (21:00)
Екипата на Ливерпул како голем фаворит влегува во дуелот против белгискиот Унион во Лигата на Европа. Очекувањата се дека избраниците на Јирген Клоп нема да имаат проблеми да дојдат до победата во меч на кој се очекува ефикасен фудбал. Збиениот распоред треба да го принуди домашниот состав да го реши победникот што е можно порано за да може во продолжение од мечот шанса за настап да добијат и фудбалерите од клупата со резерви.
Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.20)
6729 – Астон вила – Зрињски (21:00)
Премиерлигашот Астон вила е апсолутен фаворит против босанскиот претставник Зрињски и се очекува ефикасен фудбал на „Вила парк“. Во минатото коло Зрињски направи сензација и го победи АЗ Алкмар на домашен терен со 4-3 откако по првиот дел губеше со 0-3, додека Астон вила нема право на кикс откако неочекувано загуби на гостувањето кај Легија во Варшава. Лутината од тој пораз се очекува да ја истурат врз реално најслабата екипа во нивната група.
Предлог тип: 2+I и 2+II (3.00)
6707 – Балкани – Динамо Загреб (18:45)
Загрепскиот Динамо како голем фаворит патува во Приштина на дуелот против шампионот на Косово, Балкани. За Динамо Загреб вечерва нема да настапи ниту Стефан Ристовски, кој е повреден, ниту Аријан Адеми, кој не е регистриран за европските натпревари, но сепак се очекува дека Модрите нема да имаат проблеми да победат по она убедливо издание против Астана на домашен терен во првото коло од Конференциската лига.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.10)
6732 – Фиорентина – Ференцварош (21:00)
Членот на Серија А, Фиорентина, ја има фаворитската улога во мечот против унгарскиот Ференцварош во Конференциската лига. Освен што се очекува победа на домашната екипа, на овој натпревар се очекуваат и голем број голови распоредени во двете полувремиња, кои најверојатно ќе ги постигнуваат фудбалерите на Фиорентина против екипата која во квалификациите за Лигата на шампионите беше елиминирана од сензацијата од Фарските Острови, КИ Клаксвик.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.99)
6028 – ТСЦ – Олимпијакос (18:45)
Се чини дека учеството на српскиот претставник во Лигата на Европа оваа сезона, ТСЦ од Бачка Топола, ќе биде само формално со оглед на тоа дека ваквиот пласман го заработија со резултатите во домашното првенство, а во никој случај со игрите во фудбалска Европа, каде што играат катастрофално. Грчкиот Олимпијакос е голем фаворит на гостувањето во Србија и се очекува лесно да стигне до победата во мечот на кој се очекува да бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Предлог тип: 2 & 2-5 (2.10)