Брага и Ница ќе победат, голови ќе има во Италија, Англија и Турција (Фото)

1541 – Брага – Гимараеш (21:30)

Фудбалерите на Брага играат одлично оваа сезона и се уште се во игра дури и за титулата во Португалија. Тие на последните седум домашни натпревари против денешниот противник немаат пораз, а последенпат загубиле во 2017-тата година.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.25)

 

2851 – Ница – Оксер (20:45)

Екипата на Ница како фаворит влегува во дуелот против Оксер во Купот на Франција, но и статистички во меѓусебните дуели е далеку подобар противник. Оксер ја нема победено Ница од 2011-тата година, а една година претходно беше и нивната последна победа на гостински терен. На последните три натпревари на овие две екипи беа постигнати по најмалку два погодоци, односно по најмалку два погодоци имаше на четири од петте последни меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1 & 2-6 (2.19)

 

3008 – Лече – Каљари (18:00)

Дуел од италијанската Серија А на екипи кои се во долниот дел од табелата и немаат што да бранат. И Лече и Каљари ќе мора да нападнат и да атакуваат на бодовите на овој дуел. Три од последните пет меѓусебни натпревари на овие две екипи завршија со најмалку три голови.

Предлог тип: 3+ (2.20)

 

1025 – Порт вејл – Чарлтон (16:00)

Екипите на Порт вејл и Чарлтон немаат одиграно меѓусебен натпревар со помалку од два голови од далечната 1998-ма година. Последните два натпревари завшија со идентични 3-2 за Порт вејл, односно Чарлтон. Домашните на последните седум меча во сите натпреварувања играат со најмалку два погодоци, додека на последните 21 меч на кој настапил Чарлотон, само еднаш немало два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)

 

1957 – Самсунспор – Караѓумрук (17:00)

Дербито на дното во турската Супер лига помеѓу Самсунспор и Караѓумрук се очекува да донесе ефикасен фудбал со голови во двете мрежи. Домашните ќе мора да нападнат за да фатат приклучок кон сигурната зона, а гостите тоа ќе го искористат да постигнат барем еден погодок. Пет од последните шест натпревари на кои настапил Самсунспор завршуваат со голови во двете мрежи, а тоа е случај и на осум од последните 10 натпревари.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.30)

- Оглас -

Најнови вести