Болоња чекори кон Лигата на шампионите

3004 Болоња – Монца (20.45 часот)

Болоња е најпријатно изненадување во Серија А, на седум кола до крајот се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите и до крајот мора да освојува бодови пред своите гледачи ако сака да приреди сензација и да остави екипи како Рома, Лацио, Наполи без ЛШ.

Болоња во последните три кола оствари две победи и едно реми, а за тоа колку е тешко да се игра против тимот на Тијаго Мота најдобро покажува статистиката, екипата ја има третата најдобра одбрана во Серија А со само 25 примени голови во 31 меч. На последните осум натпревари на Болоња немало повеќе од три гола, а и на досегашните три меѓусебни дуели никогаш не паднале повеќе од три гола (0:0, 0:1,2:1).

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.20)

 

1804 РБ Лајпциг – Волфсбург (15.30 часот)

Ред Бул Лајпциг се бори за четвртото место на табелата кое носи во ЛШ со Борусија Дортмунд и мора да го искористи тешкото гостување на Милионерите. Тимот на Елиф Елмас во последните пет кола оствари четири победи и е фаворит за триумф и против Волфсбург, кој пак има четири порази во последните пет меча во Бундеслигата и се наоѓа во долниот дел од табелата. Лајпциг е една од најдобрите екипи на домашен терен, има само два порази (Баер и Баерн) на 14 меча.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.92)

 

1006 Борнмут – Манчестер јун. (18.30 часот)

Црвените ѓаволи мораат да победуваат до крајот на сезоната доколку сакаат да ги задржат шансите за четвртото место кое води во ЛШ. Јунајтед има дури 11 бода помалку од Тотенхем и Астон вила и победата на денешното гостување против Борнмут е императив. Борнмут пак, во последното коло загуби од Лутон (1:2) и ја прекина серијата од три триумфи во низа. Дополнителен мотив за Црвените ѓаволи ќе претставува и податокот дека во првиот дел од сезоната, Борнмут славеше со 3:0 на „Олд трафорд“.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (2.05)

 

1305 Кадис – Барселона (21.00 часот)

Барселона во средата оствари голема победа над ПСЖ во четвртфиналето во ЛШ, а тренерот Чави Ернандес јавно порача дека се додека постои шанса, неговите фудбалери ќе се борат за титулата иако имаат осум бода помалку од лидерот Реал Мадрид на осум кола до крајот. За очекување е Чави вечерва да одмори дел од играчите кои настапија против ПСЖ, но и покрај тоа, за сè ќе се прашуваат неговите фудбалери иако Кадис се наоѓа во опасната зона и до крајот ќе се бори за опстанок.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.19)

 

1002 Манчестер сити – Лутон (16.00 часот)

Манчестер сити заедно со Арсенал и Ливерпул ќе се борат за титулата во Премиер лигата и не смее да си дозволи луксуз да калкулира против екипа како Лутон. Граѓаните имаат еден бод помалку од Арсенал и Ливерпул кои се лидери на табелата, но имаат и полесен распоред во последните седум меча до крајот на сезоната. За очекување е фудбалерите на Гвардиола од првата минута да тргнат офанзивно кон голот на Лутон и да обезбедат убедлива победа.

Предлог тип: Т1 1+ I & 2+ II (2.11)

- Оглас -

Најнови вести