Неверојатна традиција: Помеѓу овие две екипи никогаш не победил гостинот

2806 – Архус – Рандерс (19:00)

Екипите на Архус и Рандерс се во борба за излез во фудбалска Европа. Се очекува тврд натпревар со малку голови, со оглед на тоа дека двете екипи имаат најмалку постигнати погодоци во лигата. Дополнително, домаќинот е во одлична серија од шест натпревари без пораз, а на последните четири забележа победа.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)

 

1720 – Генгам – Бордо (20:45)

Екипата на Бордо се обидува да се врати во најквалитетната француска лига. На добар пат е да го направи тоа, но потребен му е и добар резултат од тешкото гостување кај Генгам. Бордо е во серија од пет натпревари без пораз, но е екипа на чии натпревари нема многу голови. Затоа очекувањата се дека Бордо ќе извлече позитивен резултат, но нема да има повеќе од два погодока.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.17)

 

2216 – МТК – Њиреѓхаза (20:00)

Двете екипи се на различни позиции на табелата. МТК е во жестока борба со Диошѓер за промоција во најквалитетната лига на Унгарија, додека Њиреѓхаза е во опасната зона за испаѓање. Домаќините се во неверојатна серија од седум натпревари без пораз, од кои дури на шест забележале победа. На спортивната страна, Њиреѓхаза е исто така во серија од седум натпревари, но без победа. Предвидувањата се дека МТК ќе победи со многу голови во мрежата на гостите бидејќи се екипа со убедливо најмногу постигнати голови во унгарското првенство.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.10)

 

3309 – Стал Мјелец – Јагелонија (19:00)

Дерби-дуел од долниот дел на табелата во полското првенство. Домаќините имаат 30 бода, два повеќе од гостинската екипа и водат голема борба за опстанок. Домаќините се во катастрофална серија од 10 натпревари без победа, но традицијата помеѓу овие две екипи вели дека во меѓусебните дуели никогаш не победил гостинот. Двете екипи на последните натпревари немаат 0-0, секогаш има погодоци, но не повеќе од три. На последните 9 натпревари на коишто играл Стал Мјелец немало повеќе од три погодоци.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.25)

 

2435 – Сепси – ФЦСБ (19:30)

Романците го играат плеј-офот за шампион на земјата, но и за распределба на местата кои водат во фудбалска Европа. Екипата на ФЦСБ (или Стеауа) е во борба за титулата со Фарул и Клуж и на гостувањето кај Сепси нема друг избор освен победа. Од другата страна, екипата на Сепси е далеку од местата коишто водат во Европа и ќе игра само епизодна улога во романскиот плејоф. Овие две екипи досега имаат одиграно 17 меѓусебни натпревари, на кои ФЦСБ (или Стеауа) има само два порази.

Предлог тип: 2 (2.23)

- Оглас -

Најнови вести