Фаворитите нема да ги честат противниците со бодови

1001 Манчестер сити – Вест хем (21.00 часот)

Манчестер сити изминатиот викенд ја презеде пол-позицијата од Арсенал во трката за шампионската титула, а згора на тоа се наоѓа во одлична форма и тешко е за верување дека ќе го честат Вест хем со некој бод вечерва. Граѓаните се наоѓаат во серија од осум победи по ред во Премиер лигата. На последните шест меча на домашен терен во сите натпреварувања, Сити постигна дури 23 гола. И традицијата е на страната на Граѓаните, кои славеа на последните седум меѓусебни натпревари на домашен терен, а последниот пораз на „Етихад“ го доживеаја во 2015 година.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.07)

 

1002 Ливерпул – Фулам (21.00 часот)

Ливерпул не се откажува од трката за освојување на четвртото место на табелата иако шансите за такво нешто се минимални и вечерва е голем фаворит против Фулам. Освен продолжување на надежта за пласман во ЛШ, дополнителен мотив на Црвените за триумф над Фулам е поразот на „Енфилд“ минатата сезона (0:1). Ливерпул на последните два меча даде седум гола на „Енфилд“, го совлада Тотенхем со 4:3, а Нотингам форест со 3:2. Фулам се наоѓа во мини-серија од два порази по ред, но тешко е да се поверува дека ќе успее да ја прекине против Ливерпул.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3 II (2.00)

 

1307 Атлетико Мадрид – Кадис (22.00 часот)

По вчерашниот пораз на Кралевите, Атлетико Мадрид имаат дополнителен мотив за победа против Кадис. Со триумф, Атлетико ќе го прескокне градскиот ривал на табелата. Атлетико на последните два меча постигна дури осум гола, пет му даде на Ваљадолид, а три на Мајорка. Кадис во последното коло ја совлада Валенсија со 2:1, а славеше и на домашен терен против Атлетико (3:2) во првиот дел од сезоната.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.92)

 

3002 Јувентус – Лече (18.00 часот)

Старата дама се наоѓа во серија од четири меча без победа, од кои на три загуби и време е да им се врати на победите. Со враќањето на претходно одземените бодови, Јувентус повторно е на позиција која му гарантира пласман, но Интер и Милан му дишат во врат, имаат само три бода помалку од Старата дама, која не смее да си дозволи нов кикс вечерва. Лече се наоѓа во долниот дел од табелата, а со победата над Удинезе во последното коло избега од опасната зона, но традцијата е на страната на Јувентус. Во последните 20 години, Лече има само еден триумф во Торино, и тоа во далечната 2003 година.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.07)

 

3005 Милан – Кремонезе (21.00 часот)

Росонерите се апсолутни фаворити против Кремонезе, кој заедно со Сампдорија е главен фаворит за преселба во Серија Б. Победата е императив за Милан за да го задржи чекорот во битката за освојување на првите четири места на табелата кои носат во ЛШ и затоа вечерва за сè ќе се прашуваат Росонерите.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.04)

- Оглас -

Најнови вести