6738 Ерменија – Летонија (18 ч.)
Ерменија го направи најолемото изненадување во претходното коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 со победата над Велс од 4:2, и тоа во Кардиф, и вечерва ја има фаворитската улога против Летонија. Новите напаѓачи на Ерменија, Зеларајан и Ранос ги постигнаа четирите гола против Велс, а се очекува и вечерва во Ереван да го предводат нападот. Летонија во претходното коло загуби од Турција со 2:3.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.65)
6741 Франција – Грција (20.45.)
Ова е натпревар на двете селекции кои имаат перфектен учинок во групата Б. Франција има три победи во три меча и гол-разлика 8:0, а Грција има два триумфа и гол-разлика 5:1. Франција предводена од Килијан Мбапе, својата сила во квалификациите ја покажа во првото коло, кога на стадионот „Франција“ ја декласира Холандија со 4:0, додека во последното коло имаше полесен тренинг со Гибралтар (3:0). Грција во последното коло беше подобра од Република Ирска со 2:1.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.99)
6742 Швајцарија – Романија (20.45 ч.)
Швајцарија е фаворит за освојување на првото место во групата И, во која најголем конкурент ѝ е вечерашниот противник. Швајцарците победија во првите три меча, во кои примија само еден гол, додека Романија има две победи и реми без голови против Косово во последниот меч. Швајцарците во квалификациите за ЕП на домашен терен не знаат за пораз дури девет години. Последен пат во квалификации за ЕП загубиле во 2014 година од Англија (0:2 во Базел).
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.08)
6743 Турција – Велс (20.45 ч.)
Велс доживеа шокантен пораз од Ерменија (2:4) во претходното коло, додека Турција во инфаркт-завршница дојде до победата против Летонија (3:2). Турците прво во 94-тата минута примија гол за 2:2, но следната минута успеаја да ја се извадат и преку Кавечи да дојдат до победата.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.65)
6739 Англија – Македонија (20.45 ч.)
Македонија по поразот од Украина од 2:3 во Скопје, иако по првиот дел имаше водство од 2:0, денеска игра против главниот фаворит за првото место во групата Ц, Англија. Македонија нема пораз на гостувањата во Англија, одигра два меча кои завршија нерешено. Првиот дуел се одигра во 2002 година и заврши 2:2, а вториот во 2006, и тоа без голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)