3152 Крумовград – Лудогорец (20.00 часот)
Денеска започнува новата сезона во бугарскиот шампионат и во првиот ден игра шампионот Лудогорец и тоа против новиот член во првата лига, Крумовград.
Лудогорец со само еден бод повеќе ја освои титулата минатата сезона, а лошо ја започна новата сезона, загуби со 2:0 од Балкани во првиот меч од квалификациите за пласман во ЛШ. Крумовград минатата сезона го освои третото место во втората лига, но бидејќи вториот тим на ЦСКА Софија, според пропозоциите не може да игра во првата лига, неговото место го зазеде токму домаќинот. Лудогорец е апсолутен фаворит на овој натпревар и победата е императив да се крене атмосферата во соблекувалната пред реваншот против косовскиот шампион.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+ II (1.72)
2711 МП – ЈаПС (17.30 часот)
МП нема пораз во последните два месеци, на девет меча има скор од шест победи и три ремија и се наоѓа на делба на лидерската позиција со Гнистан во финската втора лига со 33 освоени бодови. ЈаПС има 20 бодови помалку пак, се наоѓа на средина на табелата и на последните осум меча има по четири порази и четири ремија.
Предлог тип: Т1 & 1-3 I & 1-3 II (2.09)
1275 УЦД – Дрогеда јун (20.45 часот)
УЦД е убедливо најслаб тим во ирската Премиер лига со само две победи и девет освоени бодови на 23 натпревари. УЦД ја има најслабата одбрана со дури 61 примен гол, додека Дрогеда е осма со 25 освоени бодови и гол разлика 22:30. На последните пет меѓусебни натпревари највеќе биле постигнати четири гола.
Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.60)
1282 Бреј вандерерс – Вексфорд (20.45 часот)
Бреј одигра нерешено на последните два меча во втората лига на Ирска, додека Вексфорд се наоѓа во мини серија од два порази во низа. Двата тима имаат слична статистика, во 22 натпревари досега, имаат по седум триумфи и имаат слична гол статистика, Бреј има 38:33, а Вексфорд 25:35. Во меѓусебните натпревари, домаќинот најчесто не губи. Бреј на последната пресметка славеше со 3:2.
Предлог тип: 1 & 1+ прво (1.99)
2832 Фрам – Бреидабик (22.15 часот)
Бреидаб се наоѓа во одлична форма, во вторникот го совлада Шелбурн како гостин во квалификациите за пласман во ЛШ, а во исландскиот шампионат се наоѓа на третото место на табелата со 11 бода помалку од лидерот Викингур, но има и натпревар. Од друга страна, Фрам има три порази на последните четири меча и се наоѓа во долниот дел од табелата со само три победи во 15 натпревари.
Бреидабик славеше на последните пет меѓусебни натпревари, последен пат играа пред три месеци и фаворитот славеше со 5:4.Последната победа во меѓусебните дуели, Фрам ја истварил во 2013 година.
Предлог тип: Т2 & 1+I & 1+ II (2.10)

