Играчите на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, престојниов викенд ги очекува возбудливо коло. Најголемо внимание привлекува големото шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, за кое играчите на најпопуларната бесплатна игра сметаат дека Кралскиот клуб е голем фаворит.
Дури 68,19% од играчите предност им даваат на избраниците на Карло Анчелоти. Процентот за победа на Барселона е само 14,17, додека 17,64% сметаат дека нема да има победник.
Вториот натпревар кој привлекува големо внимание е полуфиналето од англискиот ФА куп. И тука има изразит фаворит, тоа е екипата на Манчестер сити, која ја фаворизираат дури 79,17% од типувачите на Спортската прогноза. Предност на Челзи му даваат само 7,92% од играчите.
Интересно, според играчите на Спортската прогноза, новиот шампион на Германија, Баер Леверкузен, не е фаворит на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Процентот за победа на Фармацевтите е само 18.47.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!