Само 24 часа од почетокот на новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, типувачите веќе ги имаат своите фаворити за викендов.
Три дерби дуели се дел од понудата и на сите три има јасен фаворит. Реал Мадрид со 54.48% е фаворит против Барселона, во која веруваат 26.60% од играчите на Спортската прогноза.
Во Премиер лигата, Арсенал ја има фаворитската улога против Ливерпул, барем според типувачите, кои со 42.97% се одлучија за „топчиите“, а процентите за нерешено и за победа на Ливерпул се блиски, 29.67 за реми и 27.37 за победа на „црвените“.
Кога се во прашање дерби натпреварите, најголем процент за победа има Интер, 64.45, во дуелот со Јувентус. Во победа на „старата дама“ веруваат само 6.65% од типувачите.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.