Типувајте на голови

Тотенхем – Ливерпул (Фудбал, Англија, 18.30 часот)

Ливерпул е најдобар тим во Англија во моментов, и сите сакаат да го победат, даваат над 100 отсто од силите, но и тоа е џабе. Црвените имаат низа од 37 меча по ред без пораз во првенството, а во последните седум меча водеа и на полувреме пред да победат на крајот. Ливерпул има и серија од пет меча по ред без примен гол. Последните три меча на овие екипи во Лондон беа со голови на двете страни, веруваме дека таа традиција ќе продолжи.

Предлог тип: ГГ (1.66)

 

Лацио – Наполи (Фудбал, Италија, 18.00 часот)

Лацијалите имаат девет победи едноподруго, а во последните 12 кола, тимските Орли постигнуваат два или повеќе голови. Шансата на Наполи е традицијата. Наполи има пет победи по ред против Лацио во сите натпреварувања, но тимот на Елмас е во лоша форма, има само една победа во последните десет кола. Лацио од 2012 година не славел на „Олимпико“ против Наполи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

Интер – Аталанта (Фудбал, Италија, 20.45 часот)

На 11 од последните 13 меча на Интер во Серија А, но и на последните шест на Аталанта, паѓаа барем три гола. Тимот од Милано има низа од 11 меча по ред без пораз, а на девет од тие 11, Интер даваше најмалку по два гола. И Аталанта има опасен напад, пукаше петарди на свој терен во претходните два меча, но на последните пет гостувања кај Интер, има дадено само еден гол. Интер со сите сили ќе настојува да го зачува првото место.

Предлог тип: 1 & 3+ (3.00)

 

Сетубал – Спортинг (Фудбал, Португалија, 21.30 часот)

На последните осум лигашки дуели на кои Сетубал беше домаќин, публиката немаше прилика да се изнагледа голови. Секогаш мечевите завршуваа со 0-2 гола. Многу често Сетубал игра нерешено дома, но Спортинг многу ретко ремизира. Тимот на Стефан Ристовски уште од септември не знае за нерешен резултат на гостински терен. Последните неколку дуели на овие тимови во Сетубал најчесто завршуваа со резултат 1-1.

Предлог тип: 2-3 гола (2.05)

 

Бордо – Лион (Фудбал, Франција, 17.30 часот)

На шест од последните седум пресметки на овие тимови во Бордо, паѓаа барем три гола. Бордо во моментов е во криза, има серија од три лигашки порази едноподруго, но 2020 ја почна со победа во Купот. И Лион не е многу поарен, доби само еден меч во последните четири кола. Гостите имаат проблеми и со повредени играчи. Од 2013 наваму, на мечевите кога Бордо му бил домаќин на Лион, имало 2-5 гола.

Предлог тип: 2-4 гола (1.57)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Челзи – Барнли 1 & 2-4 (2.05)

Лацио – Наполи Х2 & 1+ прво (2.40)

Тотенхем – Ливерпул Х2 & ГГ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести