Кливленд кавалирс – Њујорк никс (кошарка, НБА, 23.00 часот)
Кавалирс се 13-ти, а Никс 14-ти на Истокот, полоша од нив е само Атланта. Кливленд има четири порази по ред, Њујорк има три, па некој од нив ќе прекине црна серија. Њујорк има 1-8 од 3 јануари наваму, а половина од тие порази беа со 20 или повеќе поени разлика. Кливленд годинава има 2-8, четири порази му беа со двоцифрена разлика. Во саботата загуби добиен меч, сега има шанса да се извади и конечно да победи некого.
Предлог тип: 1 (1.87)
Мајами хит – Сакраменто кингс (кошарка, НБА, 23.00 часот)
Кога Мајами игра дома, тоа најчесто е „кец“. Хит на свој терен има 18 победи и само еден пораз. Кингс на гости имаат 7-14 и им се смешка петтиот пораз едноподруго. Прв стрелец и асистент на Жешките е Џими Батлер, но на последните четири меча одлично игра и дебитантот Кендрик Нан, кој има просек од 23,3 поени на овие четири средби. Секако, и резервата Горан Драгиќ е опасно оружје.
Предлог тип: 1 (1.48)
Милвоки бакс – Чикаго булс (кошарка, НБА, 23.00 часот)
Тука не би требало да има дилеми околу победникот. Елените се големи фаворити бидејќи сезонава имаат 22 победи повеќе од противникот. Милвоки оди по својата седма победа по ред. Булс има серија од четири порази едноподруго на гостувањата во Милвоки и на последните четири посети кај Бакс секогаш примаше над 115 поени. Просекот на Бакс сезонава е 119,5 поени по меч и тоа е најефикасниот напад во лигата, а Чикаго има подобра одбрана само од пет тима.
Предлог тип: Х 1 -12.50 (1.70)
Бостон селтикс – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 01.30 часот)
За Бостон овој дерби-меч, прв против Лејкерс сезонава, доаѓа во незгоден момент. Селтикс има три порази по ред, а таа црна низа треба да ја прекине против ривал кој е во одлична форма. Ако загуби, Бостон првпат сезонава ќе има четири порази по ред. Дома имаа 14-2, но оттогаш загубија три од последните пет. Од друга страна, Лејкерс загуби само еден од последните 11 меча. Езерџиите се и најопасни гости во НБА со биланс 18-3.
Предлог тип: 2 (1.95)
Феникс санс – Сан Антонио спарс (кошарка, НБА, 03.00 часот)
Спарс синоќа играше дома и победи против Мајами, но немаше време за славење туку веднаш отпатува во Феникс. Сан Антонио игра многу променливо, додека кај Санс стартерите дадоа 112 поени во изненадувачкиот триумф над Бостон. Сонцата загубија само еден од последните пет меча, но имаат три порази по ред во дуелите со Мамузите. На 14 декември овие тимови во Мексико сити играа меч со продолжение од пет минути.
Предлог тип: >217.50 (1.75)