Полека, но сигурно 2024 година ја оставаме зад себе и со нетрпение ја чекаме новата, 2025 година. Спортските активности на домашно тло завршија, активни се само ракометните репрезентативци, но тие за настапот на Светското првенство се подготвуваат во Србија.
Последниот петок во 2024 година е одлична можност за специјален гостин во Хуманитарниот тикет, а тоа би бил кој друг, ако не Дедо Мраз, кој има одлични желби за македонските спортисти и репрезентации во новата 2025 година, од кои очекува одлични резултати и многу медали.
„Хо, хо, хо, конечно дојде и мојот ред да ги пополнам типовите во Sport Life и да учествувам во Хуманитарниот тикет. Натпреварите ги одиграв и очекувам да ги погодам, но очекувам и одлични резултати на спортски план во 2025 година, многу подобри од оваа која ја испраќаме. Македонските ракометари да одиграат одлично на Светското првенство, а фудбалерите сакам преку квалификациите да се пласираат на Мундијалот, да немаме потреба да чекаме да играме бараж преку Лигата на нациите. Кошаркарите да направат чудо и да ги победат Естонија и Полска и конечно да се вратат на Европските првенства, а пласман на континенталниот собир очекувам и од одбојкарите. Секако, не ги заборавам и индивидуалните спортови, кои во 2025 година треба да нѐ радуваат со уште многу медали од Европските и Светските првенства“, вели Дедо Мраз.
Во продолжение и тикетот кој го одигра Дедо Мраз во Sport Life.