Типуваме на нова 3+ голеада на Интер и Барселона

1921 Ивердон – Сент Гален (19.00 часот)

Ова е дуел од плејаут-лигата за испаѓање од швајцарското првенство. Сент Гален не е загрозен, има доволно голема бодовна залиха, но на Ивердон му гори од нозе и бодовите му се неопходни. Ивердон освои само еден бод на претходните четири меча и има еднаков број бодови како и Грасхоперс и Винтертур, кои се на последните две позиции. Сент Гален во последно време редовно игра тврди мечеви со 0-2 гола, а последните три меѓусебни дуели на овие екипи беа неефикасни со 0-1 гол.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.11)

 

8005 Монако – Барселона (19.00)

Во оваа мајсторка од четвртфиналето на кошаркарската Евролига, фаворит за победа е Монако затоа што досега на сите четири дуели од оваа плејоф серија, победуваше тој што е домаќин. На двата меча на кои Монако беше домаќин, Барса губеше со 17 и 13 поени разлика. После двете победи дома и израмнувањето на 2-2, Барса е со зголемена самодоверба и треба да се види реакција на Монако кој веќе нема право на кикс. Барселона во јануари победи во Монако, па патникот на фајнал-форот веројатно ќе се одлучува во тесен меч.

Предлог тип: Х 2 -4.50 (1.92)

 

1241 Партик Тистл – Ајр (20.45 часот)

Ова е прв меч од битката за влез во шкотската Премиер лига. Ќе има и реванш за три дена, а подобриот ќе разигрува со Ливингстон. Во лигашкиот дел од сезоната во шкотскиот Чемпионшип, Ајр беше трети, а Партик четврти на табелата со осум бода помалку. Ајр уште од 2019 година не победил на гости кај Партик, последен пат на овој терен се сретнаа пред два месеца и резултатот беше 2-0 за Партик.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II  (2.70)

 

8482 Панатинаикос – А. Ефес (20.45 часот)

Атинските Зелени детелинки еднаш загубија од Ефес во оваа плејоф-серија, но тешко дека ќе ја повторат грешката и ќе дозволат да останат без место на фајнал-форот. Панатинаикос, кој е актуелен европски првак, со големата помош која ќе ја добие од публиката е голем фаворит на хартија за победа, па на Пиварите од Истанбул ќе им треба нивно најдобро издание сезонава за да успеат да ја добијат мајсторката. На четирите меча досега во ова четвртфинале најубедливата победа беше со само 4 поени разлика.

Предлог тип: 1-1 (1.72)

 

6002 Интер – Барселона (21.00 часот)

По спектаклот на „Монжуик“, кој заврши 3-3, Интер и Барселона силите ќе си ги одмерат и во Милано, каде што Интер не е баш сигурен во последно време. Кај Барса се враќа Левандовски, но ќе ги нема главните бекови Кунде и Балде. Кај Интер, штотуку закрепнатиот Лаутаро ќе биде во состав и исто како и Левандовски кај гостите, неизвесно е дали ќе го почне мечот или ќе биде на клупата. Барса загуби со 0-1 на последното гостување кај Интер, овојпат тешко е да се поверува во ист таков резултат со оглед на пеколниот напад и слабостите во одбраната на Барселона. Влогот е огромен, влез во финале на ЛШ, а правилата налагаат дека победник мора да има.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.70)

- Оглас -

Најнови вести