6048 Рома – Феенорд (Конференциска лига на Европа, 21 часот)
Тирана е подготвена да ги дочека Рома и Феенорд во првото финале од Конференциската лига на Европа.
Првиот трофеј од ова натпреварување на УЕФА ќе се додели вечерва а ние очекуваме триумф на Римјаните во текот на регуларните 90 минути. Во досегашната клупска историја, овие тимови се сретнале два пати и одиграле 1:1, односно Рома во 2015 славеше со 2:1.
Квалитетот, но и пред се искуството на Жозе Мурињо ќе бидат пресудни во овој меч.
Предлог тип: 1 (2.35)
5725 Персеполис – Шахр кодру (Про лига Иран, 17:30 часот)
Естегал е новиот првак на Иран, додека Персеполис и Сепахан ќе водат битка за второто место кое што носи директно во азиската Лига на шампиони.
Кога еден од најголемите клубови од оваа држава е домаќин против денешниот опонент, редовно се слави па такво нешто може да се очекува и денеска. Квотата за чиста победа на Персеполис е навистина мала, но кога би се одиграло полувреме-крај, како и тоа да се бараат одреден број на погодоци, тогаш истата е значително поинтересна.
Предлог тип: 1-1&2-5 (2.00)
7268 Александар Зверев – Себастијан Баез (Ролан Гарос, 13:30 часот)
Германскиот рекет ја има фаворитската улога против Аргентинецот во второто коло од Ролан Гарос. Овие двајца тенисери играа еднаш месецов и тоа на турнирот во Рим, каде што Зверев славеше со 2:0.
Се освен лесен триумф на Германецот и пласман во понатамошните фази ќе се смета за изненадување, а и границата за негова победа со хендикеп е навистина интересна.
Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.75)
2502 Бодо/Глимт – Стромготсет (Типелига Норвешка, 18:00 часот)
Добрите познавачи на норвешкиот фудбал знаат дека овие средби се навистина одлични за играње на голови. Бодо/Глимт е познат по својата интересна авантура во Конференциската лига на Европа каде што успеа да и даде шест голови на Рома.
Последните пет меѓусебни средби на овој стадион се: 7:2, 3:2, 2:0, 2:2, 4:2.
По тоа може да се види дека и денеска не очекува голеада, а ние предвидуваме денеска дека ќе видиме најмалку четири погодоци.
Предлог тип: 4+ (2.16)
7234 Дарија Савил – Петра Квитова (Ролан Гарос, 16:30 часот)
Квитова не игра добро во последно време и на последните пет средби има само една победа, таа во првото коло од РГ над Ана Бондар. Истото може да се каже и за нејзината опонентка, која што исто така има само стартен триумф на отвореното првенство на Франција.
Интересно е тоа што овие две тенисерки петпати се сретнале, но последен пат тоа беше во, сега веќе далечната 2018 година.
Според моменталната форма ќе гледаме долг и неизвесен меч, а се надеваме и со голем број на гејмови.
Предлог тип: >20.5 гејма (1.90)