Тирунех победи на скопскиот маратон, Кираџиев како шести ја мина целта

Етиопиецот Чалачев Асмамав Тирунех е победник на традиционалниот скопски маратон што се трчаше денеска и најбрзо ја мина патеката од 42 километри со време од 2:15.37 часа.

Второто место го освои Кениецот Вилфред Корир со над една минута послабо време од победникот, а на пиедесталот имаше место за уште еден улесник од Етиопија, Гетаја Гелав со нешто помалко од 4 минути задоцнување зад сонародникот и победник Тирунех.

Најдобропласиран Македонец е Александар Кираџиев, кој го освои шестото место со време од 2:37.41. Веднаш зад него се пласира Александар Андоновиќ и тоа е тандемот најдобропласирани македонски атлетичари на денешната масовна маратонска трка низ улиците на Скопје.

На десеттата позиција трката ја заврши Марјан Бонев од Велес.

Кај дамите прва низ целта мина Енис Мучири од Кенија, пред сонародничките Тануи и Лимамуреи. Мучири го истрча маратонот со време од 2:33.37 часа.

- Оглас -

Најнови вести