Тите се тресе, против Парагвај без својата „амајлија“

Поради акумулирани жолти картони, суспендираниот Касемиро нема да игра на четвртфиналниот дуел од Копа Америка помеѓу Бразил и Парагвај (закажан за ноќта четврток кон петок по средноевропско време), а тоа може да биде сериозен хендикеп за домашните.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, е своевидна амајлија на „кариоките“ откако Тите е на селекторското место. Единствените два порази на Тите како селектор во овие две години, беа на мечеви на кои Касемиро на настапи. Тоа се случи на пријателски меч против Аргентина и на Светското првенство во Русија против Белгија.

Касемиро даде дебитантско гол, но и пожолте против Перу, па нема да игра во четвртфиналето. Ако Бразил го мине Парагвај, Касемиро би се вратил во полуфиналето против Аргентина или Венецуела. На местото на играчот на Реал, стартер треба да биде Фернандињо од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести