Тицијано Крудели: Наполи има играч кој може да ги реши проблемите на Милан

Познатиот италијански новинар, кој е заколнат навивач на Милан, Тицијано Крудели, верува дека напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, може да го реши најголемиот проблем на Росонерите.

„Ако Милан го купи Осимен, ќе ги реши сите проблеми во нападот. Тој е вистинскиот играч за Стефано Пиоли, играч кој со своите неспорни квалитети може да направи разлика. Претседателот на Наполи е голем проблем, бара над 100 милиони евра за Осимен. Ако остане на тоа, Милан нема шанса да го купи“, рече Крудели.

 

- Оглас -

Најнови вести