Титула се слави и угул гол со знамето на Лејкерс (Видео)

Лос Анџелес лејкерс по 10 години пауза успеа повторно да освои титула во НБА лигата и тоа за израмнување на рекордот на големиот ривал Бостон селтикс, а по клучната победа против Мајами хит со 106:93 имаше и многу инциденти при прославата.

Голем број на армијата навивачи на Лејкерс бурно ја прославија 17-та НБА титула и малкумина од нив ги почитуваа протоколите во екот на пандемијата со корона-вирус, а имаше и инциденти.

https://twitter.com/Bomptonbeezy/status/1315531746545332224?s=20

Полцијата во Лос Анџелес пријави дека имало и напади врз нив, но ситуацијата сепак воглавно беше под контрола.

Хит на прославата е симпатизерот на Лејкерс кој истрча комплетно гол на улиците на Лос Анџелес со клупското знаме за да ја прослави новата титула, сега и рекордна, заедно со Бостон селтикс.

https://twitter.com/jo_theprince/status/1315492727673384960?s=20

- Оглас -

Најнови вести