Наполи брзо го заборави убедливиот пораз од Милан во претходното коло и вечерва славеше на гости кај Лече со 2:1, во меч од 29 коло на Серија А. Со оваа победа Наполи стигна до 74 бодови и сега има дури 19 повеќе од второпласираниот Лацио (55 бодови), што значи дека останува само теоретски тимот од југот на Италија да стигне дод титулата која ја чека повеќе од 30 години.
Ди Лоренцо погоди во 18 минута за водство на Наполи од 1:0 на полувремето. Сепак, домашните фудбалери не се предадоа и во 52 минута со погодокот на Ди Франческо стигна до 1:1.
Само 12 минути траеше радоста на Лече дека може да стигнат барем до бод на овој меч. Во 64 минута по еден центаршут на гостите, Гало сакаше со гради да му ја додаде топката на својот голман, но Фалконе лошо реагираше и топката заврши во мрежата. едноставно Лече му подари победа на Наполи.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот целиот меч, а имаше и добра шанса во 84 минута, кога неговиот шут го одбрани домашниот голман.