Тиверија прослави 100 години од формирањето: Промовирана монографијата „Еден век фудбалска историја“

Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, струмичка Тиверија, вчера прослави голем и редок јубилеј – 100 години од формирањето. За таа цел во Струмица беше промовирана монографијата „100 години Тиверија – еден век фудбалска историја“ од авторите Аце Стојанов и Ристо Секулов.

„Направивме обемно фудбалско истражување со детална статистика, резултати, комплетни сезони, табели, фотографии, исечоци од весници и за првпат објавени сезони пред втората светска војна. Во оваа монографија овековечивме огромен број поранешни фудбалери, тренери, претседатели, спортски работници и навивачи на клубот кои оставиле дел од својата младост во струмичка Тиверија. Голема благодарност до сите соработници кои дадоа придонос кон изработка на монографијата. Делото е посветено на долгогодишниот функционер на Тиверија, Илија Панов – Шкуљ, и во спомен и благодарност на сите фудбалери, тренери и спортски работници во кои тече ‘Тивериска крв’“, вели еден од авторите на монографијата, Ристо Секулов. 

- Оглас -

Најнови вести