Двата натпревари од третото коло во групата Ц засега остануваат со почетниот резултат, иако измина првото полувреме. Во Минхен, Србија и Данска играат премногу внинателно, а се чини дека за нијанса подобри во првиот дел беа избраниците на Каспер Хјулманд.
Рајковиќ ги одбрани ударите на Ериксен и на Хојлунд, а Србија остана без ниту една шанса во првото полувреме.
На дуелот во Келн, Англија и Словенија исто така играат 0-0 по првите 45 минути. Сака постигна погодок, но не беше признат поради офсајд ситуација.