Тоа би било невиден спектакл: Мејведер и Мекгрегор договараат бокс меч на необично место

По поразот на Ирецот Конор Мекрегор од Дастин Појре во УФЦ октагонот, почнаа да се шират шпекулации дека популарниот Конор повторно ќе влезе во боксерски ринг, и тоа дека би имал реванш против Флојд Мејведер.

Она што е најинтересно е дека локацијата не би била во некоја сала или на стадион, туку дуелот би можел да се одржи на некоја луксузна јахта и мал број на одбрани навивачи би бимале прилика да присуствуваат во живо на настанот околу кој би се вртеле многу милиони долари. Да биде уште поинтересно, најавите се дека бродот би пловел за време на мечот, и тоа би било нешто невидено за еден боксерски дуел.

Двајцата биле заинтересирани за ваков спектакл, но потребно е време. Мекрегор има повреда и мора да чека дозвола од лекарите за да им се врати на борбите.

Првиот меч на Мејведер и Мекрегор се одржа во август 2017 година, а Американецот, кој е класичен боксер, победи со технички нокаут во 10-тата рунда.

- Оглас -

Најнови вести