Тоа е кога победникот е познат уште пред да почне мечот: Загубиле девет пати по ред, а вечерва пак играат против нив

Манчестер сити е еден од посреќните клубови во Европа во изминативе неколку дена. Граѓаните во понеделникот добија одлична вест, а тоа е дека им е укината суспензијата од две години неиграње во Европа. Судот за спортска арбитража во Лозана ја поништи одлуката на УЕФА и Сити ќе биде дел од Лигата на шампиони и следната сезона.

Што се однесува до домашното првенство, Граѓаните не можеа да го одбранат тронот пред Ливерпул, но имаат закарантирано второт место, па последните три кола ќе ги играат без никаков притисок околу резутатот.

Сепак, Сити сигурно ќе игра за да го задржи добриот ритам, бидејќи и по завршување на сезоната во Премиер лигата, ќе ги очекува предизвикот во Лигата на шампиони каде треба да го одиграат реванш мечот од осминафиналето против Реал Мадрид (англичаните славеа со 2:1 на првата средба во Мадрид).

Вечерва Сити треба да има лесен тест на свој терен, а противник е Борнмут. Тоа е екипа која се бори за спас од испаѓање, затоа што на три кола до крајот е во опасната зона, но е само на три бода од Ватфорд кој е сигурен.

Сепак, Борнмут реално нема што да бара на денешното гостување во Манчестер. Традицијата вели дека во 21 век овие два тима одиграле девет натпревари и Сити секогаш победувал. Дури седум од тие девет победи се со два или повеќе гола разлика, што само ја потврдува разликата во квалитет.

Сити сезонава дома има 13 победи во 17 меча, а Борнмут на гости е со биланс од дури 13 порази во 17 дуели. Едноставно јасно е кој е победникот вечерва во овој дуел на кој сигурно ќе има и повеќе погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести