Тоа е кога судијата ќе го „издрибла“ играчот (Видео)

Легија загуби на свој терен од Краковија со 0-2, а мечот го одбележаа два момента. Првиот е феноменалната кореографија која ја направија домашните навивачи, кои покажаа дека се меѓу најдобрите во Европа. Кореографијата може да ја погледнете ТУКА. 

Втората ситуација беше повеќе комична. Во 75-тата минута беше исклучен домашниот играч Вилијам Реми. По една акција, Реми направи фаул и заработи втор жолт картон, но судијата не забележа дека играчот на Легија намерно го нагази противничкиот играч.

Откако доби сугестија од судиите во ВАР-собата, главниот арбитер одлучи да гледа повторена снимка од ситуацијата, реши да ја преиначи одлуката. Наместо втор жолт картон, Реми доби директен црвен картон поради намерно газење на противнички играч.

Интересно е што Реми веќе беше тргнат кон соблекувалната кога се врати на теренот, мислејќи дека ќе му го поништат жолтиот картон за да може да продолжи да игра, но само доби потврда дека треба предвреме да оди на туширање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести