Тоа е Кристијано: Ем му покажуваат среден прст, ем го сликаат (Фото)

Кристијано Роналдо со сето ова што го прави повеќе од 15-тина години се наметнува како најдобар европски фудбалер на сите времиња, гладен е за поставување рекорди, а иако тој е и човек со најмногу следбеници на социјалните мрежи, има и милиони кај кои не е толку популарен.

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, а од денеска и прв стрелец во историјата на европските првенства, попладнево против Унгарија даде два гола (до 36 години е најстар играч кој го направил тоа) и прославуваше во близина на унгарските фанови, кои имаат интересни реакции.

Некои ја сликаа суперѕвездата, некои му покажуваа среден прст, а еден Унгарец (во горниот агол) кој стоеше на скалите истовремено и покажуваше невкусен гест кон Португалецот и сакаше да има фотографија од Роналдо, па сликаше со мобилниот телефон.

- Оглас -

Најнови вести