Милан многу потешко од очекувањата победи на гостувањето кај Пиза, во меч од 25. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф Росонерите стигнаа до 53 бодови и се зацврстија на второто место на табелата, со пет помалку од лидерот Интер.
Фаворизираниот гостин поведе пред крајот на првото полувреме со погодокот на Лофтус-Чик во 39 минута. Милан имаше шанса да зголеми на 2:0, но во 56 минута Никлас Фулкруг промаши пенал.
Тоа го искористија домаќините и со погодокот на Лојала во 71 минута стигнаа до 1:1. Малку фалеше Пиза да изненади и да остане непоразена, но тоа не го дозволи Лука Модриќ. Хрватскиот ветеран кој има 40 години самиот започна акција, а на крајот и ја заврши со погодок во 85 минута за 2:1 и победа на Милан.

