Пари Сен Жермен со 2-0 славеше на гостувањето кај Нант, па Светците побегна на плус 14 бодови во однос на второпласираната Ница, и јасно е дека ќе освојат нова титула во француското првенство.
Килијан Мбапе повторно беше во фокусот, затоа што на првиот меч по одлуката да си замине од ПСЖ на крајот на сезонава, беше ставен на клупата за резерви, а не межу стартерите. Мбапе сепак влезе во игра во 62-ра минута, веднаш по водечкиот гол на Лукас Ернандес, а 15 минути подоцна реализираше пенал за потврда на победата.
За Мбапе тоа е 153-ти лигашки гол, со што се изедначи со многу повозрасниот свој сонародник Антоан Гризман.