Монца и Сампдорија одиграа интересни 2-2 во последниот меч од 21-вото коло на Серија А.
Маноло Габијадини со два гола ќе беше јунакот на Сампдорија на гостувањето кај непредвидливата Монца, која во минатото коло во Торино го шокира Јувентус, а сега дома ќе загубеше од екипа која е претпоследна на табелата и грчевито се бори за опстанок во Серија А.
Од десетте голови на Самп сезонава, четири има дадено Габијадини. Тој пред седум години првпат даде два гола на еден меч, вечерва му е вторпат. Песина од пенал во 97-мата минута донесе бод за Монца.
За Сампдорија заврши серијата од четири порази по ред, додека за Монца продолжи низата од седум кола без пораз.