Хвича Кварацхелија, фудбалерот на Наполи, беше жртва на кражба, му беше украден автомобилот марка Mini Countryman, кој си го купи пред малку повеќе од еден месец, поточно на 28 септември.
Колата била паркирана во дворот од неговиот дом во Кума, во близина на Неапол, и утрово кога станал, Грузиецот го дочекало непријатно изненадување. Кражбата се случила среде ноќ, додека тој спиел. Веројатно крадците влегле во куќата и ги украле клучевите од автомобилот.
Денеска популарниот Квара на тренинг заминал со воз.
Многу навивачи на Наполи му се извинуваа на Кварацхелија и му дадоа поддршка, му објаснуваа дека крадците не ги претставуваат сите жители на Неапол и околината.