8.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Тоа е шампионски карактер: Ни лошото време не е пречка за Вардарци да одработат тренинг (Фото+Видео)

Специјално од Сиде, Турција

Трајан Маневски

Контролниот дуел кој фудбалерите на Вардар требаше денеска да го одиграат против екипата на Мотор од Лублин не се одигра, но затоа Црвено-црните одработија тренинг на лошото време во турскиот град Сиде, каде што се на подготовки веќе десетина дена.

Повеќе од 24 часа во цела област во Анталија врне пороен дожд и токму тие лоши услови беа причина Вардар да не игра денеска со полскиот ривал Мотор од Лублин, но не и избраниците на тренерот Гоце Седлоски да не бидат на теренот.

Интензивниот дожд не ги спречи Вардарци да одиграат меч меѓу себе. Поделени во две екипи, сите фудбалери на теренот покажаа големо ниво на залагање и шампионски менталитет покажувајќи дека ниту неповолните временски услови не треба да бидат пречка да се одработи тренинг, веќе кога не можеше да се одигра планираниот контролен дуел.

Вардарци ќе останат во Турција до 3 февруари, кога следува враќање во Скопје и започнување на втората половина од сезоната, во која Црвено-црните имаат главна цел да ја освојат титулата во Прва лига и да го одбранат трофејот во Купот освоен минатата сезона.

Денеска беше извлечена и ждрепката за четвртфиналните дуели во Купот, а Вардар за противник го доби второлигашот Охрид. Комплетните парови за оваа фаза од Купот може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести