Тоа е вистински капитен – Дунга донираше 10 тони храна и 2.000 пелени

На Светското првенство во 1994 година, Дунга беше капитен на Бразил, што значи дека тој беше првиот играч кој го крена трофејот за најдобрата репрезентација на планетарниот собир. Подоцна Дунга беше и селектор на Бразил, но го немаше истиот успех како играч.

Сега, легендарниот играч се покажа и како хуманитарец. Тој реши да донира на најтешко погодените од Коронавирусот. Дунга донираше 10 тони храна и 2.000 пелени.

„Многумина од нас се соочуваат со предизвик и правиме работи кои никогаш не сме мислеле дека ќе ги правиме. Животот ни понуди шанса да станеме подобри луѓе“, порача Дунга преку доцијалните мрежи.

Бразил е една од најпогодените земји од пандемијата на Коронавирусотво Јужна Америка. Во земјата на фудбалот моментно има околу 9.000 заразени и 359 смртни случаи.

Дунга верува дека и останати луѓе ќе бидат хуманитарни и ќе им помогнат на оние на кои им е најпотребна помош. Капитенот на Бразил од 1994 година покажува дека е вистински лидер и кога е најпотребно за неговиот народ.

- Оглас -

Најнови вести