Уште долго ќе се памети анталогискиот дуел меѓу Интер и Барселона кој заврши 3:3, а еден обложувач од Штип има дополнително задоволство да раскажува како успеал да го погоди точниот резултат и така да си заработи убава добивка.
Обложувачот бил сигурен дека Интер и Барселона ќе ја повторат голеадата од првиот меч во Шпанија, кога беше 3:3 и вложил 500 денари дека и реваншот ќе заврши 3:3 во регуларните 90 минути игра.
Беше 2:2 кога Барселона постигна гол за 2:3 во 88-мата минута, но Интер не се предаде. Нераѕурите израмнија на 3:3 во 90+3 минута и на обложувачот му донесе добивка од 13.887 денари.
Одличен тикет беше уплатен и во Виница, каде што со минимален влог од 20 денари, нето-добивката е фантастина и изнесува 110.976 денари. Погодени се комбинации од шест средби, а интересно е дека квотите на сите шест се големи и се движат од 3.10 до 7.50. На крајот, погоден е фантастичен вкупен коефицинет од 6.527.