Тоа што го прави Баерн против Барселона е фудбалски терор: Повеќе од 50 отсто од ударите завршуваат во гол

Баерн Минхен стигна до петтата победа по ред во дуелите со Барселона и продолжи со доминација кога се работи за средби на овие европски гиганти. Во последнтие пет меѓусебни дуели, Баерн Минхен даде дури 19 гола пртив Барселона, а прими само четири.

Тоа што е уште поважно е ефикасноста која ја има баварскиот гигант. Во овие пет дуели, Баерн упати 38 прецизни удари кон голот на Барселона, а дури 19 од нив завршиле во мрежата на Каталонците. Тоа е точно 50 отсто од шутевите кои оделе во рамките на голот да се погодоци.

Ако се види статистиката од последните четири дуели, процентот е уште поголем. Барселона прими 16 голови од 30 шута на фудбалерите на Баерн Минхен. Овие бројки доволно покажуваат каков фудбалски терор трпи Барселона кога игра со најтрофејниот германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести