Тоа што утринава беше најавено, сега е официјално, Жозе Мурињо е нов тренер на турскиот Фенербахче, објави новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.
Специјалниот потпиша двегодишен договор со тимот кој сезонава заврши на второто место во турскиот шампионат зад Галатасарај, иако освои 99 бода.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1796539126029992171?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR10adKP873D7gfXdJSJnP5QMgRmpcqD5VQLaDBcfq8ogyeyF-zaZbWE99Y_aem_AfoGF9qR_FMXw85s4OJXT4QO0iNRoYR-VqF-hywmK5yTCMCPYoOrPUqp9AQoUjGI2vaQ4G3ESP2dkeMtBmYMgXuq
Последниот ангажман на Жозе Мурињо му беше на клупата на Рома, од каде што си замина во јануари поради слаби резултати.
Мурињо веќе се фати за работа, тој разговарал со двајца играчи на Фенербахче на коишто им беше тренер во Рома и Манчестер јунајтед, Един Џеко и Фред, и се распрашувал за состојбата во клубот.