Точно 100 години чекаа Французите за да го повторат овој успех

На Олимписки игри многу ретко се случува една земја да издоминира во некоја дисциплина или спорт и да ги освои сите три медали. Токму тоа го направи Франција и тоа во трката со велосипеди БМХ.

На првите три места се пласираа Французите и ги освоија сите три медали, злато, сребро и бронза. Во финалната трка, најбрз беше Јорис Дуд со време од 31.422 секунди, пред второпласираниот Силвијан Андреа кој заостана 0.284 секунди. Третото место го освои Ромин Маху.

Точно 100 години чекаа Французите за еден ваков подвиг, на пиедесталот на ЛОИ да имаат тројца свои натпреварувачи во иста дисциплина. Велосипедистите го повторија успехот на натпреварувачите во прескокање пречки со коњи, кога во далечната 1924 година и тогаш на Игрите во Париз, првите три места ги освоија француски натпреварувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести