9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Точно 30 години се чекаше четвртолигаш да елиминира премиерлигаш

Екипата на Њупорт Каунти го направи најголемото изненадување во англискиот ФА Куп во последните три децении. Во меч од третото коло, четвртолигашот успеа да го елиминира Лестер, победувајќи со 2:1. Уште во 10 минута домаќините поведоа и го најавија изненадувањето. Лестер се мачеше, но во 82 минута успеа да израмни. Сепак, само три минути подоцна, нова радост за домашните навивачи. Амонд од пенал во 85 минута донесе победа на Њупорт.

Ова изненадување е најголемо во последните 30 години. Последен пат еден премиерлигаш бил исфрлен од клуб кој се натпреварува во четвртата лига, на 7 јануари 1989 година. Тогаш Грмзби го елиминираше Мидлсбро, а во истиот ден Ковентри испадна од Сутон јунајтед.

 

 

- Оглас -

Најнови вести